ФОТО : Анадолија\ Помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид

Донфрид ги повика Косово и Србија да ги намалат тензиите

Помошник државната секретарка на САД за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид, за албанската Еј-Би-Си њуз, во врска со состојбата во северниот дел на Косово, порача дека Косово и Србија треба да ги намалат тензиите, косовските власти да ја формираат Заедницата на српски општини, при тоа додавајќи дека го поздравуваат француско-германскиот предлог.

-Во однос на вашето конкретно прашање за северот на Косово, САД се согласуваат со Европската Унија дека неодамнешните случувања предизвикуваат загриженост и ги ставаат во опасност досегашните достигнувања во рамки на дијалогот Приштина-Белград. Излегувањето на косовските Срби од косовските институции не е решение за актуелните спорови и има потенцијал дополнително да ја ескалира ситуацијата на терен. Сметаме дека сите страни мора да преземат чекори за намалување на тензиите и обезбедување мир и стабилност. Акциите и реториката што ја зголемуваат можноста за насилство ги изложуваат животите на невините луѓе и мировните трупи на непотребен ризик, изјавила таа.

Според Донфрид, за САД единствен начин за решавање на недоразбирањата меѓу Косово и Србија е конструктивното ангажирање во дијалогот Приштина-Белград.

-Косово и Србија мора да ги спроведат договорите што ги потпишаа за време на дијалогот, вклучително и формирање на Заедница на општини со српско мнозинство. Сметаме дека дијалогот се покажа како важен механизам за решавање на недоразбирањата. Затоа, бараме од страните целосно да ги искористат неговите предности и да ја покажат својата посветеност за мирно решение за целиот регион. Косово и Србија мора да постигнат меѓусебен договор заснован на заемно признавање, што го отвора патот за европска интеграција. Затоа го поддржуваме овој дијалог, посочила таа.

Исто така, додала, дека го поздравуваат француско-германскиот предлог, и веруваат дека „важно е да се реши прашањето за Косово и Србија во поширока геостратешка рамка, наместо да продолжиме да се фокусираме на прашања, како што е она за автомобилски регистарски таблички”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!