Фото Архива на СП

Дојава за бомба вечерва во Српскиот парламент

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека вечерва во 20 часот и 47 минути до системот „192“ било дојавено дека е поставена бомба во Парламентот, јавија српските медиуми.

– Вечерва околу 20 часот и 47 минути е пријавена бомба во системот „192“ во Народното собрание.

Контрадиверзантските екипи се веднаш испратени на местото на настанот и ќе извршат целосен увид во објектот – изјави министерот Дачиќ.

Вечерашната дојава доаѓа по бурен ден во Парламентот, во кој имаше серија инциденти, а пратениците од опозицијата фрлаа чадни бомби, палеа факели и прскаа со пена за гасење пожар. Според власта, повредени се три пратенички.

ВИДЕО | Опозицијата фрли шок бомби, повредени пратенички во српското собрание

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот