
Додека Дурмиши е министер за економија има 24 активни лиценци, а од нив 18 се за кабаре
Министерството за економија и труд подготвува измени на Законот за угостителска дејност, кои ќе овозможат проверката на минималните технички услови за работа да се врши пред издавање на лиценцата за работа
Министерството за економија и труд во наредниот период ќе изготви измени и дополнување на Законот за угостителска дејност во насока проверката на минималните технички услови за работа да се врши пред издавање на лиценцата за работа, како што беше пред 2008 година, најави министерот Бесар Дурмиши, информирајќи за задачата која ја добил од Владата. Тој истакна дека во новото законско решение ќе се зголеми вредноста на казните за да се спречат немили настани како во клубот „Пулс“ во Кочани и додаде дека работна група веќе работи на тоа.
Препорачано
-Не знам колкави ќе бидат казните, но очигледно ќе бидат многу повисоки за да се спречи да ни се случуваат немили настани – потенцира Дурмиши.
Најавените измени ќе овозможат проверката на минималните технички услови за работа да се врши пред издавање на лиценцата за работа.
-Со тоа пријавата за исполнување на минималните технички услови за вршење угостителска дејност пред да биде доставена како пропратен документ во барањето за лиценцата ќе треба да има потврда за нејзината веродостојност од Државниот пазарен инспекторат – објасни Дурмиши.
Прашан колку лиценци за кабаре се издадени за време на неговиот мандат, Дурмиши рече дека не го знае точниот број и додаде дека во архивата на Министерството има вкупно 24 активни издадени лиценци од кои 18 се за кабаре, а другите се за клубови. За тие кои немаат лиценци и работат, посочи дека има други надлежни органи кои треба да направат инспекција и соодветно да ги казнат.
Дурмиши се изјасни за ненадлежен за било какво мислење околу вината на неговиот претходник, бидејќи не било негово да коментира вакви работи.
-Со тоа, Пријавата за исполнување на минимално-техничките услови за вршење угостителска дејност, пред да биде доставена како пропратен документ во барањето за лиценца, ќе треба да има потврда за нејзината веродостојност од Државниот пазарен инспекторат – соопшти Дурмиши.
Инаку, за да работи ноќен бар, кабаре, дискоклуб и дискоклуб на отворен простор согласно Законот за угостителска дејност, мора да има валидна лиценца. Таа лиценца ја издава Министесвото за економија и труд со поднесување на барање за издавање на лиценца на образец за платен надоместок за давање услуги. Кон барањето се доставува и обемна документација. Министерство за економија и труд не е надлежно ниту има механизам за вршење увид, надзор или контрола во објектот во кој ќе се врши дејноста. Во однос на висината на надоместокот кој треба да го плати вршителот на дејноста истата ја определува советот на општината. Педесет отсто од надоместокот се уплатува на сметка на општината, а остатокот се уплатува во Буџетот на државата – појасни Дурмиши.