Парно радијатори за греење / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

До 2040 година, сите граѓани на Виена ќе имаат еколошко греење

Виенската енергетска компанија Wien Energie и нафтената компанија OMV започнаа проект за длабинско дупчење во Виена, со цел до 2040 година сите граѓани да преминат на еколошко греење. По успешно завршените работи, започнува тест-фазата на пумпање топла вода од длабочина од 3.000 метри.

Водата ќе биде тестирана за да се утврди нејзината температура, хемиски состав и количина, а доколку тестовите бидат успешни, планот е да се загреат дури 20.000 домаќинства со геотермална енергија од 2028 година. Ули Зима, член на градската влада, истакнува дека овој проект „го прави централното греење одржливо чекор по чекор“.

По тестот за пумпање, во текот на зимата 2025/26 година, ќе следи пробна работа во затворен циклус, каде што водата ќе се пумпа и враќа под земја во исто време. После тоа, ќе започне изградбата на централата.

Директорите на „Виен Енерџи“ најавуваат дека планот е да се обезбеди одржливо греење за дури 200.000 домаќинства до 2040 година со помош на неколку централи. Компаниите планираат до седум геотермални проекти на повеќе локации во Виена.

Заинтересираните граѓани можат да ја посетат изложбата во инфо центарот за да добијат информации за проектот. Посетата е бесплатна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!