
Директорот на „Meрцедес“ со критика: „Планот на ЕУ е закана за пазарот на автомобили“
Извршниот директор на Мерцедес-Бенц, Ола Келениус, изјави дека планот на Европската Унија за забрана на продажба на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување до 2035 година претставува сериозна закана за целиот пазар. Тој верува дека оваа ригидна забрана може да предизвика хаос, од панично купување бензин и дизел пред крајниот рок, до нагло намалување на побарувачката потоа.
Препорачано
Во интервју за Handelsblat, Келениус истакна дека, со веќе слабата продажба на електрични возила (EV) и силната конкуренција од Кина, овој потег дополнително го загрозува опстанокот на европските производители. Наместо целосна забрана, Келениус предлага транзицијата да се поддржи преку даночни олеснувања и пониски цени на електричната енергија на станиците за полнење, така што преминот на електрични возила ќе биде економски одржлив.
„Декарбонизацијата е неопходна, но мора да биде технолошки неутрална и економски одржлива“, рече Келениус.
Во исто време, Мерцедес-Бенц ја менува својата деловна стратегија. Компанијата повеќе не сака исклучиво да се позиционира како луксузен бренд, туку се свртува кон поширока група клиенти. Затоа, терминот „луксуз“ ќе биде речиси целосно отстранет од внатрешната комуникација на компанијата.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
3час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5