Фото: МИА

Директор на кичевско училиште под кривичен прогон

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево, поднесе кривична пријава против Н.Б.(42), поради постоење основано сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување”.

Тој, во текот на 2017 и 2018 година, како директор на општинското средно училиште „ДРИТА” во Кичево, на професорите Г.Ф. и Д.Ј. не им ги откажал договорите за вработување без отказен рок поради кршење на работниот ред и дисциплината со неоправдано отсуство од работа подолго од три последователни работни дена. Со тоа, пријавениот, на професорите им овозможил стекнување со противправна имотна корист, објаснува Стефан Димоски пртпарол на СВР -Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот