Зоран Димитровски на средбата во Рим / фото: МНР

Димитровски во Рим на средба со шефовите на дипломатиите на „Пријателите на Западен Балкан“

Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денеска се сретна со министрите за надворешни работи на Западен Балкан и министрите за надворешни работи на земјите од групата „Пријатели на Западен Балкан” (Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Италија, Словачка и Словенија) во Рим, соопшти неговиот кабинет.

Димитровски таму беше на покана на вицепремиерот и министер за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, Антонио Тајани.

„Заменик-министерот Димитровски учествуваше со свое обраќање на двете работни сесии, „Зачувување на нашата заедничка сигурност и безбедност: зајакнување на соработката со Западен Балкан“ и „Забрзување на пристапот на Западен Балкан во ЕУ: заеднички приоритети за патот напред“. Тој истакна дека Северна Македонија е докажан партнер во соработката со Европската унија кога станува збор за безбедноста, сигурноста и одбраната. Апострофираше дека, како земја што се стреми кон полноправно членство во Европската унија, подготвени сме да продолжиме да придонесуваме во адресирање на сите предизвици со кои се соочува континентот и преку нашиот пат до членство да придонесеме за посилна Европска унија. Ги изнесе и нашите очекувања од Унијата да ја усогласи оваа наша посветеност и решителност со силни одлуки и предвидлива патека за процесот на пристапување. Од исклучителна важност е Копенхагенските услови да бидат главен критериум за полноправно членство во ЕУ, а не билатералните прашања со земји членки на ЕУ, особено оние од историски и идентитетски карактер“, велат од Министерството.

Димитровски, според соопштението, рекол дека за регионот на Западен Балкан не постои друга одржлива алтернатива освен полноправното членство во Европската унија.

„Тој потсети дека нашата земја вложила исклучителни напори во изминатите 20 години во процесот на пристапувањето, за да се доближи поблиску до посакуваната цел. Тој изрази благодарност до земјите-членки на Унијата и пријателите на Западен Балкан, како и до европските институции, за нивната конзистентна поддршка за што побрза и целосна интеграција на регионот во Унијата. Воедно, ја поздрави идејата на земјите пријатели на Западен Балкан за забрзување на постепената интеграција на земјите од Западен Балкан во единствениот европски пазар, како и за продлабочување на ангажманот и соработката на полето на европската заедничката надворешна и безбедносна политика. Во тој контекст беше поздравено и неодамнешното потпишување на Партнерство за безбедност и одбрана меѓу Северна Македонија и Европската унија, што ја симболизира нашата заедничка посветеност за одржување на мирот, стабилноста и безбедноста во нашиот регион и пошироко“, пишува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот