Максим Димитриевски - Венко Филипче / Фото: „Слободен печат“

Димитровски го повика Филипче на дуел јавно да ги соочат аргументите

Според Димитровски, во СДСМ ќе останат генерали без војска бидејќи се занимаваат со ЗНАМ, наместо, како што вели, со својот главен опонент – ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитровски го повика првиот човек на СДСМ, Венко Филипче на дуел, каде ќе ги соочат аргументите јавно, наместо, како што вели, СДСМ да се занимава со ЗНАМ и да се служи со шпекулации и невистини.

Димитровски го повика Филипче да зборуваат и за неговите повици до членството на ЗНАМ „да се вратат назад дома“.

„Да биде сарказмот поголем, не само што ги повика јавно, туку им се јавуваат и телефонски и им велат – вратете се назад простено ви е сè. Барем да речат – се извинуваме погрешивме, повелете вратете се назад. Тоа е проблемот и кај претходното, и кај ова, а веројатно и кај идното раководство на СДСМ, затоа што повеќе од сигурно ќе има ново раководство. Тие ќе останат генерали без војска и се занимаваат со нас, наместо со својот главен опонент – ВМРО-ДПМНЕ. Во ред, ако сакате може да се соочиме, еве јас го повикувам Венко Филипче и да ги соочиме аргументите, а не да доаѓа како денеска во Куманово и за мене да се искажуваат лаги и инсинуации – порача Димитриевски во гостување на Тв24.

Тој нагласи дека за него СДСМ одамна е завршена приказна.

„ЗНАМ е автентична партија, во која, точно е дека има поранешни членови социјалдемократи, но голем дел се луѓе кои првпат влегуваат во политика, меѓу кои и видни јавни личности и поранешни спортисти – репрезентативци – рече Димитриевски.

Во однос на евроинтеграциите, Димитровски смета дека Македонија треба сама да се потпре на себе, да земе успешни примери како Швајцарија и да воспостави систем со кој ќе чекори напред. Според него, малку е лицемерно Украина и Молдавија да добиваат шанса за преговори и идно членство со кршење на принципот на консензуалност, а Македонија да се врти „како рингишпил на кружен тек“.

Димитириевски ги отфрли тврдењата дека е националист и албанофоб, посочувајќи низ конкретни примери во Куманово колку проекти реализирал во средини кои се населени исклучиво со Албанци или во мешани етнички средини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот