Гордана Димитриеска Кочоска /фото: Слободан Ѓуриќ/Слободен печат

Димитриеска – Кочоска: Има луѓе што примаат социјална помош и до 60.000 денари

За изготвување на единствен регистар на корисници на социјални надоместоци, пари од Светска банка има уште од 2019 година. Но, системот не направен.

Во државава нема систем каде што се евидентираат сите приматели на социјална помош. Затоа, едно лице може да прима и повеќе видови на помош, алармира министерката за финансии Гордана Димитриеска- Кочоска.

– Кога прашав во Миистерството за социјална политика дали имаат евиденција и дали знаат колку пари прима едно лице, таму ми кажаа дека немаат евиденција и дека едно лице по разни основи може да примаи до 60.0000 денари. Па каде го има тоа! -револтирано рече министерката Димитриеска – Кочоска на денешната дебата „Фискална дисциплина и ефикасност на фискалните правила во Северна Македонија: Патот кон одржливост“.

Таа посочи дека за изготвување на единствен регистар на корисници на социјални надоместоци, пари од Светска банка има уште од 2019 година. Но, системот не направен.

– Сега работиме на тој систем, но за жал софтверот не може да се направи преку ноч – посочи министерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот