Сцена од филмот „Диџеј Ахмет“

„Диџеј Ахмет“ на Георги Унковски ќе се натпреварува за наградата „Срцето на Сараево“

Филмот „Диџеј Ахмет“ на режисерот Георги М. Унковски ќе се натпреварува за наградата „Срцето на Сараево“ на 31. издание на Сараевскиот филмски фестивал што ќе се одржи од 15 до 22 август. Денеска беше најаваено дека филмот ќе има македонска премиера во септември на затворањето на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.

Во официјалната програма на Сараевскиот филмски фестивал е и словенечко-македонската копродукција „Фантази“ на режисерката Кукла (Катерина Рашек) чиј македонски копродуцент е Дејан Крајчевски од „Круг филм“. Во програмата за краток филм е и „Очите на Берна“ на Ермал Гердовци, косовско-македонска копродукција.

Светската премиера на „Диџеј Ахмет“ беше на 24 јануари, на фестивалот „Санденс“ каде освои две награди. Ахмет, 15-годишно момче од оддалечено село на Јуруци во Македонија, наоѓа утеха во музиката додека се справува со очекувањата на својот татко, конзервативната заедница и своето прво искуство со љубовта — девојка која веќе е ветена за друг.

Улогите ги толкуваат: Ариф Јакуп, Агуш Агушев, Дора Акан Златанова, Аксел Мехмет, Селпин Керим и Атила Клинче.

Снимањето на филмот траеше 36 дена кон крајот на 2023 година, во селата Коџалија и Али Коч во Радовиш, а дел од снимањето беше и во Скопје. Филмот е на турски и македонски јазик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот