фото: принтскрин/твитер

Џејмс Милнер на комичен начин ги откри „најдобрите 11“ (ВИДЕО)

Предмети, производи кои се наоѓаа на подот асоцираа со имињата и презимињата на фудбалерите кои ги истакна играчот на Редси.

На социјалните мрежи фудбалерот на Ливерпул во период на домашна изолација објави едно интересно видео кое воедно предизвика смеа.

Многу фудбалери ги откриваат своите 11 најдобри играчи, а помеѓу нив е и Џејмс Милнер кој од предмети го скрои неговиот најдобар тим.

Предмети, производи кои се наоѓаа на подот асоцираа со имињата и презимињата на фудбалерите кои ги истакна играчот на Редси.

Така на пример, срце е Џо Харт, чоколаден портокал што го произведува „Терис“ е Џон Тери, кечап „Хајнц“ е Габриел Хајнце, бургер е Патрик Бергер, капа е тренерот Фабио Капело, итн.

34-годишниот играч на Редси, Милнер, се наоѓа многу блиску до титулата во Премиер лигата. Сезоната моментно е во прекин поради пандемијата на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!