Зоран Русмир

Десна Европа

Ако некој сè уште се прашува што значи владеење на десничарска партија, доволно е да погледне во Унгарија, Италија или во Полска. Таму демократијата е како ретка птица – сите ја фатиле, но малкумина ја виделе во живо.

Сега е модерно да се биде десничар во Европа. Виктор Орбан, Џорџа Мелони и компанија се веќе познати како „бранителите на националниот идентитет“ – или како што некои сакаат да кажат, архитектите на новиот авторитаризам. Тие не само што ја преуредија политичката карта на Европа, туку и ни дадоа мајсторска лекција за тоа како да се централизира власта, да се контролираат медиумите и да се ограничат правата на малцинствата, a сѐ во име на „заштитата на традиционалните вредности“. Еден супер апгрејд на демократијата „по нејзини правила“. Ако некој сè уште се прашува што значи владеење на десничарска партија, доволно е да погледне во Унгарија, Италија или Полска. Таму, демократијата е како ретка птица – сите ја фатиле, но малкумина ја виделе во живо.

Виктор Орбан, нашето омилено „дете“ на авторитаризмот, е вистински мајстор на играта. Од 2010 година, тој ја претвори Унгарија во своја лична играчка. Правдата? Контролирана. Медиумите? Прибрани под крилјата на државата. ЛГБТ-заедницата? Ограничена. А ЕУ? Таа е само „неразбирлива институција“ што се обидува да му се меша во работата. Орбан, секако, не се вознемирува. Тој знае дека може да ги игнорира прекорните погледи од Брисел, додека граѓаните на Унгарија се задоволни со еден збор: „стабилност“. Или е тоа „контрола“?

Но, накратко да фрлиме поглед кон Италија, каде што Џорџа, eвропската постфашистичка ѕвезда, ја презеде власта во 2022 година. Нејзината мисија? Пa да ги „заштити“ италијанските граници од мигрантите и да ги „зачува“ традиционалните вредности. Како? Со сместување на азилантите во Албанија (секако, со правни пречки) и со забрана на сурогат мајчинството, зашто, знаете, хомосексуалните парови не треба да имаат деца. „Затоа што традицијата вели така“. И ако некој се осмели да организира нелегална забава или да го оштети културното наследство, Мелони гo има решението: построги казни. Затоа што, ништо не e „демократија“ ако не e државна контрола врз секој аспект на животот.

Што е со Полска? Таму, партијата Право и правда (ПиС) успеа да ја преобрази државата во еден вид „традиционална утопија“. Правдата? Политизирана. Медиумите? Под контрола. ЛГБТ-заедницата? На мета. И секако, вистинското семејство е само онa составенo од маж и жена. Ако некој сè уште се прашува што значи владеење на десничарска партија, доволно е да погледне во Унгарија, Италија или во Полска. Таму, демократијата е како ретка птица – сите ја фатиле, но малкумина ја виделе во живо. Сѐ друго е „неприродно“. Иако ПиС ја изгуби власта во 2023 година, нејзиното наследство сè уште е присутно – како лош сон што не сака да заврши.

И додека Австрија се подготвува за можна влада предводена од Херберт Кикл и неговата Слободарска партија (ФПО), можеме само да се прашаме: Што е следното изненадување кое ќе ни го приреди демократијата? Cекако го нема. Централизација на власта? Проверено. Контрола на медиумите? 100%. Ограничување на правата на малцинствата? Од прв ден. Се чини дека десничарските лидери имаат еден заеднички именител – како да ја уништиш или – „унапредиш“ (во зависност од визурата) демократијата во 10 лесни чекори.

И така, иднината на Европа е во нашите раце. Историјата не се повторува, се повторуваат нашите грешки. Дали ќе дозволиме овие „бранители на традицијата“ да го претворат континентот во мозаик од авторитарни режими? Или ќе се освестиме дека демократијата не е само збор, туку и вредност што треба да се негува?
Едно е сигурно, ако продолжиме по овој пат, европскиот проект ќе изгледа како руиниран замок – убав на фотографии, но непoгоден за живеење.

(Авторот е новинар)

ЈАЗИКОТ НА КОЈ СЕ НАПИШАНИ, КАКО И СТАВОВИТЕ ИЗНЕСЕНИ ВО КОЛУМНИТЕ, НЕ СЕ СЕКОГАШ ОДРАЗ НА УРЕДУВАЧКАТА ПОЛИТИКА НА „СЛОБОДЕН ПЕЧАТ“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот