Парламент на Турција / Фото: EPA-EFE/NECATI SAVAS

Десетици вработени во турскиот парламент пројавиле болки во стомакот, започната е истрага

Речиси 80 лица, меѓу кои и петмина членови на турскиот парламент, се јавиле во Парламентарната болница со поплаки за болки во стомакот, дијареја, повраќање и слабост , објави денес НТВ, пренесува Телеграф.

Сепак, властите негираа дека станува збор за епидемија или случаи на труење, посочувајќи на големиот број луѓе што јаделе во кафетеријата на парламентот во последните денови.

„9.500 луѓе јадеа во Парламентот пред некој ден. Бројот на луѓе што се пожалија не достигна ниту 80. Се чини дека оваа ситуација не е директно поврзана со Парламентот “, се наведува во соопштението на Парламентот.

Беа земени примероци од сите оброци и вода што се служеа во парламентарните ресторани и беа испратени на анализа.

Тимовите за јавно здравје, исто така, започнаа детална истрага во кампусот на Парламентот .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот