Десетици уапсени по одлуката на Трамп да ја испрати Националната гарда

Најмалку 45 лица беа уапсени во Вашингтон синоќа, вклучувајќи 29 лица за кои постои сомневање дека нелегално престојуваат во Соединетите Американски Држави, објави Белата куќа.

Оваа акција следеше откако претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, објави дека неговата администрација ќе ја преземе контролата врз Полициската управа на Вашингтон и ќе ја испрати Националната гарда во градот најмалку еден месец, објави АП.

Белата куќа потврди дека ќе има 24-часовно присуство на локална и федерална полиција во градот, а повеќе од 1.650 припадници на безбедносните служби сега учествуваат во операцијата.

Портпаролот на Пентагон, Кингсли Вилсон, прецизираше дека Националната гарда ќе има овластување привремено да ги притвора луѓето, но нема да има право да апси, што останува одговорност на полицијата.

Покрај тоа, планот за федерализација вклучува расчистување на камповите за бездомници и нивно преместување од центарот на градот, иако деталите за таа акција сè уште не се познати.

Пред објавата на Трамп, властите во Вашингтон веќе почнаа да ги затвораат камповите и да се обидуваат да обезбедат дополнителни социјални услуги за раселените лица. Таа мерка предизвика бројни реакции и загриженост за потенцијалната закана за правата и автономијата на локалната заедница, истакнува американската агенција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот