НАТО и Русија - монтажа - Извор - Х

Десет знаци дека САД и НАТО се подготвуваат за конфликт со Русија и зошто е тоа важно сега

Во последните месеци се забележува растечка динамика на подготвеност од страна на САД и НАТО, која не само што ја зголемува стратегиската позиција на алијансата, туку и ги истакнува ризиците од директна конфронтација со Русија.

Анализата на регионалните медиуми кои се бават со оваа проблематика ги наведуваат десетте клучни знаци за конфликт и  дава поширок контекст за тоа како западните сили се подготвуваат за потенцијални конфликти и што тоа значи за Европа и светот.

1) „Зелено светло“ од Трамп за напади длабоко во Русија

Имено како што наведува порталот „Оружје онлајн“ Кит Келог, специјалниот советник на Доналд Трамп, изјави за „Фокс њуз“ дека претседателот одобрил напади со ракети со долг дострел врз цели длабоко во руска територија. Дополнително, Џеј Ди Венс и Марко Рубио укажаа дека Украина би можела да има „зелено светло“ за цели кон Москва.

Овој чекор, доколку се реализира, би легитимирал употреба на западно оружје против стратешки цели во Русија – црвена линија која досега беше избегнувана.

2) Пентагон бара повеќекратно зголемување на производството на ракети

Понатаму интереснен факт дека се заоструваат позициите на Истокот и Западот кон евентуален конфликт е и фактот дека Пентагон врши силен притисок врз индустријата за двојно или четирикратно зголемување на производството на ракети. Забрзаните нарачки и плановите за раст на капацитетите укажуваат на подготовка за долгорочна потрошувачка на муниција, што е знак за очекувана продолжена воена активност и можни дополнителни жаришта.

Израел Давидовиот чатал систем ракети. EPA-EFE/ATEF SAFADI

3) Разгледување на можноста за испраќање на Томахавк во Украина

Според Аксиос, Трамп не одобрил, но Џеј Ди Венс потврди дека се разгледува продажбата на крстосувачки ракети Томахавк, со дострел од околу 1.600 км, потенцијално насочени кон Московскиот регион.

Паралелно, Москва ги зголемува човечките капацитети и регрутира нови 135.000 лица до крајот на 2025 година, што покажува подготвеност за исцрпувачка фаза од војната.

4) Ненадејната мобилизација на Данска и „дронови со НЛО“

Данска итно повика стотици резервисти поради честите дронови од непознато потекло над воените бази. Премиерката Мете Фредериксен ја нарече ситуацијата „сериозна закана“.

Украински дронови – Извор Х

Кога членка на НАТО ја активира својата резерва поради хибридни закани, тоа сигнализира преминување од анализа кон оперативни мерки, што ја зголемува веројатноста за сериозна конфронтација.

5) „Зголемена будност“ на НАТО во Балтикот

НАТО го зголемува нивото на подготвеност со дополнителни платформи за извидување, фрегати за воздушна одбрана и побрз проток на информации за потенцијални упади. Балтичкиот регион, како класична точка на триење, е под висок ризик од инциденти, а секое зголемување на подготвеноста ги зголемува шансите за непланирана ескалација.

Симулација како би изгледала борбата за и околу Калинград – Извор Х

6) Француските болници планираат масовни жртви до март 2026 година

Во протечено писмо, Министерството за здравство бара од болниците да очекуваат од 10.000 до 50.000 жртви во период од 10 до 180 дена, подготвувајќи се за „голем (воен) ангажман“.

Ова укажува на подготовка на здравствениот систем за сценарија со големи размери, вклучувајќи логистика, хирургија, трансфузии и психотраума.

7) Германија предвидува до 1.000 ранети дневно

Главниот армиски хирург Ралф Хофман објави дека Германија планира капацитет за до 1.000 ранети дневно во случај на конфликт со висок интензитет.

Германска армија/ Фото: Joerg Huettenhoelscher / Alamy / Alamy / Profimedia

Овој чекор укажува на преместување од експедициони мисии кон долгорочна индустриска и медицинска подготовка, што е знак за очекувана потешка фаза на безбедносната криза.

8) Затворен собир на генералите на Трамп во Квантико

Во базата Квантико ќе се одржи затворен собир на генерали и адмирали. Иако претставен како церемонијален, тајноста и флуктуацијата на персоналот ја поттикнуваат шпекулацијата за координација на вонредни сценарија.

Во комбинација со другите индикатори, тоа укажува на засилена стратегиска координација.

9) Бран танкери преку Атлантикот

Околу десетина KC-135R/T се распоредуваат кон RAF Mildenhall во Велика Британија. Танкерите се критичен дел од офанзивната авијација, обезбедувајќи долга борбена орбита и одржливост на борбените операции.

Масовното распоредување на танкери е јасен сигнал за можно поголемо воено дејство или сериозна порака за одвраќање.

10) Економски и енергетски подготовки

Европската централна банка и националните влади започнуваат „итни пакети“, создавање енергетски резерви и советување на граѓаните да се снабдат со готовина и основни потреби.

Овие подготовки укажуваат на премин кон сценарио на продолжен конфликт, каде финансискиот систем и енергетската инфраструктура се ставаат во режим на „воена економија“.

Што значи сето ова во пракса?

Овие десет индикатори според порталот не се изолирани настани, туку тренд во кој индустријата се подготвува, медицината се реорганизира, логистиката се прегрупира, а политичките изјави поместуваат црвени линии.

Комбинацијата на хибридни и конвенционални мерки создава непредвидливост, а сите овие активности заедно укажуваат на подготвеност за потенцијален конфликт со повисок степен на ескалација, дури и без формално прогласување војна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот