Фото: Општина Центар

Дератизација во Центар, се „чистат“ шахтите од глодари

Општина Центар започна со есенска дератизација, најпрво во населбите Буњаковец и Маџир Маало, која ќе се спроведува во текот на овој месец и со која ќе бидат опфатени сите шахти на нејзина територија.

Дератизацијата ја спроведуваат општински служби со цел да се уништат штетните глодари, инсекти и да се превенира можна појава на заразни болести. Ова е една од општите мерки кои општината ги презема за заштита на населението од заразни болести во согласност со Програмата за активностите на Општина Центар во областа на здравствената  заштита за 2024 година.

Општина Центар ги известува граѓаните дека при процесот на дератизација се користи препарат од сертифициран производител кој ја третира популацијата на глодарите, издаден со одобрение од Министерство за здравство, кој не претставува опасност за останатиот животински свет.

Дератизација во Општина Центар се врши два пати годишно во пролетниот и есенскиот период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!