Фото: Фејсбук

Денеска се навршуваат 12 години од „црниот понеделник“

Денеска се навршуваат 12 години од „црниот понеделник“, кога СДСМ како опозиција организираше протести против поднесувањето на владиниот предлог-буџет за 2013 година, каде со непрекинато зборување се обидоа да го одложат ова гласање.

Тие тврдеа дека целосно е нарушена процедурата за негово носење, најпрвин во собраниските комисии каде што не беа поминати огромен број амандмани што тие ги поднесоа.

Собраниското обезбедување во еден момент влезе во галеријата каде што беа сместени новинарите и ги „замолија“ да ја напуштат „од безбедносни причини“. Некои од новинарите излегоа доброволно, а некои беа исфрлени со сила.

Веднаш потоа во собраниската сала влегоа и голем број лица од собраниското обезбедување, но и полицајци во цивилна облека. Тие, еден по еден, насила ги исфрлија пратениците на опозицијата.

Европскиот суд за човековите права во 2017 година донесе пресуда во врска со случајот на новинарите кои беа физички отстранети од собраниското обезбедување на седницата за носењето на Буџетот на 24 декември 2012 година.

Со ваквиот чин, според новинарите во жалбата до ЕСЧП, повредени се членот 10 од Европската конвенција за заштита на човековите права кој се однесува на слободата на изразување, како и членот 6 кој се однесува на правото на фер сослушување, во конкретниот случај правото на сослушување пред Уставниот суд.

Носењето на Буџетот, образложува судот, беше проследено со тензија помеѓу власта и опозицијата. Атмосферата на оваа седница кулминираше откако опозициски пратеници го опкружија претседателот на Собранието, кој му нареди на обезбедувањето да го осигури редот во законодавниот дом.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!