Камери во Скопје / Фото: ''Слободен печат''/ Драган Митрески

Денеска јавна дебата за проктот „Сејф сити“

Јавна трибина за измените на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата и Законот за прекршоци за проектот „Безбеден град“, ќе биде одржана денеска во Скопје.

На трибината ќе учествуваат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за правда Игор Филков и постојаниот претставник на УНДП во земјава, Армен Григорјан.

Проектот „Безбеден град“, како што во повеќе наврати изјави министерот Тошковски, е еден од приоритетите на МВР и на Владата, а целта е да се подобри безбедноста на патиштата и да се намали бројот на жртви.

На измените на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата и Законот за прекршоците работи меѓуресорска работна група, составена од претставници на МВР, Министерството за правда и професори од Правниот факултет во Скопје.

Овие законски измени се неопходни за целосна имплементација и ставање во функција на системот за електронско детектирање на сообраќајни прекршоци, познат како „Безбеден град”. Следејќи ги европските стандарди, се предвидува целосна дигитализација на овој процес и исклучување на човечкиот фактор кој би овозможил избегнување на плаќање на казната. Системот треба автоматски да ги детектира, евидентира и процесира прекршоците, обезбедувајќи поголема ефикасност и ефективност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот