
Денешните заканувачки пораки за поставен „експлозивен динамит“ испратени од „американско тло“!?
Утрово точно во 8.20 часот на неколку мејл адреси од редакцијата на „Слободен печат“ пристигнаа мејлови со заканувачка, дури и грозоморна содржина кои се однесуваа на поставени експлозивни направи во повеќе витални објекти во Скопје, трговски центри, претседателската вила, музеи, хотели и станбени згради, но не и медиумите иако ги добија идентичните пораки. Само редакцијата на „Слободен печат“, која е во ГТЦ, мораше по третпат да се евакуира поради конкретната закана врз овој трговски центар.
Препорачано
Испраќачот е со електронска адреса на gmail, а е именуван како Грахам Клаин, но истатата порака „Слободен печат“ ја доби и од друг испраќач, без читливо име и презиме, од мејл на организација Ulysess од Нов Зеланд, пет минути подоцна по првата испратена серија електронски пораки со назнака „ЗАКАНА“.

Заканата е со политичка конотација и наликува на типичниот опозициски наратив кој секојдневно се користи.
-Нема да застенеме додека корупмираната власт на СДСМ не се тргне. Властите веќе ЗНААТ што треба да прават, но тоа не го прават. Писмото беше пратено одамна. Затоа денес жртви МОРА да паднат, стои во текстот од заканата после кој се наведени локации во Скопје каде „во здружение со нашите следбеници ги миниравме со експлозивни динамити“.
На оваа листа се Музејот на Град Скопје (МГС) и Спомен Куќа / Музеј на Мајка Тереза, но и Музејот на македонската борба, Природнонаучниот Музеј на Македонија, Археолошки музеј на Македонија на кои им се наведени и адресите, а адреса има и Управниот суд на Македонија, додека ГТЦ, Ист Гејт Мол, станбената зграда Агора Флатирон како и кулите Џавахир и куќата на претседателот – Вила Водно се наведени без улица и број.

Потоа, во закната се додадава дека „на следниве локации е поставен GPS Контролиран цевчест експлозив“ и наброени се хотелите Мериот и Александар Палас, Спортскиот центар Борис Трајковски и Централната Железничка Станица Скопје, но и Зградата на Фудбалска Федерација на Македонија (ФФМ).
Мејлот завршува со уште една закана:
„А доколку денешниот МАСАКАР не биде доволен, ќе минираме МНОГУ повеќе локации во следните денови. Нема да престанеме додека власта е на потег. Направете ја Вистинската Одлука“, се нагласува во заканувачката електронска порака.
ИТ фирмата која ги одржува серверските системи на „Слободен печат“ ги анализираше добиените пораки во сандачињата на редакцијата и успеа да открие дека, иако се пратени преку заштитена VPN конеција, имаат своја IP адреса која е во САД, конкретно во државата Калифорнија, градот Маунтин Вју, а ги добивме и географските координати од мејлот на испраќачот [email protected]. Земајќи во предвид дека имејл пораката е пратена од сервер на гугл чиј потсервис е имејл сервисот gmail, сметајќи на сериозноста на посочената компанија, очекуваме било каков одговор од нивна страна како да се спречат не само заканите кон нашата земја и регионот, туку да се заостри протоколот за регистрација на имејл адреса.

„Слободен печат“ како сериозна медиумска куќа ги применува сите познати узанси за заштита, како на својата ИТ опрема така и заштита на својот информативен сервис, со цел да се спречи каков било обид за дезинформирање на нашата и регионалната јавност. Во таа смисла, сите кориснички сервиси на СП како што се нашиот Фејсбук, Инстаграм и Твитер профил се претставувани и заштитени со највисоки ИТ протоколи, додека за нивната можна злоупотреба лично одговара пред домашните и меѓународните законодавства менаџментот на нашата куќа. Доколку ние како мала компанија преземаме сѐ што е во наша моќ, како за наша заштита, сметаме дека најмалку што треба е големите провајдери да ги заострат непроверените протоколи за комуникација со чиј резултат се соочуваме денес. Со ова македонската и регионалната јавност ќе бидат поштедени од губење време, пари и нерви од разноразни закани по правило, од непознат сторител. Полицијата и нашите пријатели од меѓународната заедница посериозно и попосветено треба да му пристапат на овој проблем и со вистинско име да ги именуваат сторителите. Во меѓувреме ќе се обидеме да функционираме до некоја нова најава за бомба или друг вид на закана.