Александар Даштевски / Фото: mia.mk

Даштевски: Очекувам мирен ден и демократско гласање

 Мирен изборен ден и демократско гласање утре, без технички проблеми со апаратите за отпечатоци од прсти и побрзо пребројување поради помал број гласачки ливчиња и помалку кандидати во споредба со првиот круг од локалните избори, очекува претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.

 

– Со оглед на проблемите што се појавуваа и интервенциите што се правеа, ние стекнавме солидно искуство и сега ќе биде многу подобро и како ќе поминува времето системот ќе се усовршува. Имаме и Акциски план како да се одвива гласањето таму каде што ќе се создаваат редици. Но, јас не очекувам сега така да биде бидејќи во првиот круг имаше четири и пол милиони ливчиња, сега има милион и шесто илјади, што е многу помалку. Има секаде по два кандидата, во Град Скопје има по две ливчиња, а во другите општини има по едно ливче, изјави Даштевски во Дневникот на ТВ Сител.

Општинските изборни комисии, рече, се известени од ДИК како да постапуваат ако се создаде редица – член од избирачкиот одбор треба да го спроведува редот и да ги пушта гласачите според  тоа колку треба да бидат внатре односно онолку колку што има паравани.

Очекува и побрзо пребројување на ливчињата и пократко време за да се добијат резултатите од гласањето.

Ќе има 300 набљудувачи повеќе во однос на првиот круг односно околу 1500. Според Даштевски, тоа е затоа што избори сега ќе има во 44 општини така што луѓето се ослободиле од многу места од првиот круг и се пренасочени да набљудуваат во општините за кои се заинтересирани. 

извор МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот