фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Дарко Чурлинов пред трансфер во Турција

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов е на чекор од преселба во нов клуб, според турските медиуми,  Чурлиннов денеска треба да го комплетира трансферот во редовите на Коџаелиспор, клуб што настапува во турската Суперлига.

Договорот со новиот клуб, како што се наведува, е постигнат на две години, а официјалната потврда се очекува наскоро.

Чурлинов доаѓа од англискиот Барнли, каде што не успеа да се избори за минутажа во Премиерлигата. Минатата сезона ја мина како позајмен во полската Јагелонија, која исто така беше заинтересирана за негов ангажман, но сепак, турскиот клуб бил поконкретен.

Доколку не се случи некаков пресврт за Чурлинов во кариерата ова ќе биде прв ангажман во турскиот фудбал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот