Руски дронови над Данска принтскрин ИКС

Данска за првпат: Дроновите беа руски, а нивниот брод беше подготвен за интервенција

Русија спроведува координирана хибридна војна против Данска и Европа, користејќи воени и технолошки средства за притисок без да премине во отворен вооружен судир.

Ова го изјави директорот на данската воена разузнавачка служба (FE), Томас Аренкиел, на прес-конференција во Копенхаген заедно со министерот за одбрана, Троелс Лунд Поулсен.

Руски десантен брод подготвен за интервенција

Аренкиел наведе неколку конкретни инциденти. Руски десантен брод бил закотвен со денови во меѓународни води јужно од островот Лангеланд со исклучен идентификациски систем.

Според него, бродот бил подготвен да интервенира доколку данските сили се обиделе да го спречат движењето на друг руски брод од т.н. „флота во сенка“.

Станува збор за бродот Александар Шабалин, кој бил забележан од новинари од „Екстра Бладет“ со хеликоптер, по што се повлекол.

Дополнително, данските власти регистрирале повеќе случаи на руски воени бродови кои пловеле по судирен курс со дански воени единици и насочувале оружје и радари кон нив. Во барем еден инцидент, руските бродови користеле опрема за попречување, што предизвикало големи прекини во GPS-системите во Данска.

Дронови и хибридни операции

Минатата недела над шест дански аеродроми и воени бази биле забележани неидентификувани дронови. Разузнавањето се сомнева дека тие биле лансирани од руски бродови што пловеле кон Калининград и Санкт Петербург.

„Русија намерно поставува дронови во европскиот воздушен простор за да не тестира и да покаже воена сила. Таа сака да создаде чувство на непосредна закана и да внесе поделби во западните општества“, изјави Аренкиел.

И покрај агресивните активности, тој нагласи дека Русија не сака директен вооружен судир со Данска, бидејќи тоа би носело премногу ризици.

Хакерски напади и инфраструктура

Аренкиел предупреди и на интензивни сајбер-напади. Проруските хакери ја нападнале водоводната инфраструктура на Данска, што предизвикало пукање на цевки, а комуналните компании се соочуваат со до 6.000 хакерски напади на час.

„Русија верува дека може да ги користи овие методи без ризик од ескалација или одмазда“, рече тој, додавајќи дека Москва е убедена дека и НАТО користи слични тактики кон неа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот