Ветерница
Фото: Jochen Tack / Alamy / Alamy / Profimedia

Дали Србија ќе добива половина од својата електрична енергија од обновливи извори?

Малку повеќе од една третина од електричната енергија во Србија се добива од обновливи извори, претежно од хидропотенцијал, додека бројот на ветерни фарми и сончеви електрани расте од година во година. Србија си постави цел до 2030 година уделот на обновливата енергија да надмине 45 проценти.

„Според податоците на Агенцијата за енергетика, во 2023 година, Србија добила дури 38,1 процент од својата енергија од обновливи извори“, изјави за Bloomberg Adria Данијела Исаиловиќ, менаџер на здружението „Обновливи извори на енергија на Србија“.

Исаиловиќ истакнува дека Србија е земја со хидропотенцијал – „околу една третина од електричната енергија се добива од хидроелектрани, од кои некои се стари повеќе од половина век“- пишува Каматица. Европската Унија постави флексибилна цел да го зголеми уделот на обновливата енергија на 45 проценти до 2030 година, или на најмалку 42,5 проценти.

Од 2021 година, кога со измените на Законот за обновливи извори на енергија се воведе статусот на купувачи-производители, односно потрошувачи на обновлива енергија, нивниот број расте од година во година. Регулативата го дефинира купувачот-производител како домаќинство, станбена заедница или компанија, која има поврзано свој објект за производство на електрична енергија од обновливи извори на внатрешните инсталации.

Во моментов, Електропривреда Србија има 5.200 склучени договори со купувачи-производители. EPS, како оператор на системот, ги поврзува објектите со мрежата и го води Регистарот на купувачи-производители на својата веб-страница. Во регистарот моментално има 3.500 домаќинства, нешто повеќе од 1.300 правни лица и четири станбени заедници.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот