Биткоин/ Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Дали овој човек е всушност мистериозниот основач на Биткоинот?

Питер Тод, канадски криптограф и програмер, се најде во центарот на вниманието откако документарецот на HBO „Money Electric: The Bitcoin Mystery“ директно го обвини дека е мистериозниот создавач на Биткоинот, познат под псевдонимот Сатоши Накамото.

Поради овие тврдења, Тод морал да се крие од очите на јавноста, според светските медиуми. Накамото е нејасен псевдоним за лицето или групата што го развила Биткоинот и го напишала познатиот документ со кој го вовела пред речиси две децении. Иако неговиот вистински идентитет се шпекулира со години, режисерот на документарни филмови Кален Хобак го посочи прстот кон Пит Тод.

Тод ги негираше обвинувањата за списанието Wired, велејќи: „Забелешка, јас не сум Сатоши“. Тој додаде дека верува оти режисерот Хобак намерно ја создал контроверзноста за да го привлече вниманието на јавноста кон својот филм.

„Му требаше начин да привлече внимание за својот филм“, рече Тод.

Сепак, Хобак останува убеден дека Тод е навистина Сатоши Накамото.

„Иако секако не можеме директно да кажеме дека тој е Сатоши, мислам дека имаме многу силен случај“, рече Хобак. Поради медиумското внимание што го доби против своја волја, Питер Тод отиде „под земја“ и се крие од јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!