Трамп потпишува извршни наредби / Фото: EPA-EFE/YURI GRIPAS / POOL

Дали извозот на грчки маслинки, фета и јогурт ќе биде погоден од царините на Трамп?

Грчките производители на храна не ја кријат загриженоста поради најавите за царини на американскиот претседател Трамп, бидејќи со тоа ќе биде загрозен извозот на грчките производи во САД, објави То Вима. Но, дури и ако се наметнат тарифи, се верува дека тие ќе бидат „симболични“ (на пр. тарифи кои не надминуваат 1%). Но, додека не се докаже дека грчките производи, како маслинки, маслиново масло, фета, вино, риба, овошје, пекарски производи и слично, повторно ќе имаат повластен третман, грчките производители се во состојба на чекање. САД се најголемиот пазар за грчки трпезни маслинки, со повеќе од 30% од вкупниот извоз. Костас Зукас, претседател на Панхеленската асоцијација на стандардизатори и извозници на трпезни маслинки, вели дека иако грчките маслинки имаат силно име на американскиот пазар, тие не се основна храна, што значи дека нивната побарувачка е еластична.

„Секој фактор што влијае на цената резултира со намалување на побарувачката. Сè додека царините се хоризонтални, нема да загубиме од Шпанците, кои се наши главни конкуренти, но ќе бидеме под силен притисок од трети земји како Мароко, Египет и Тунис. Се надеваме дека состојбата на исклучок што владееше минатиот пат ќе се повтори повторно“, рече Зукас.

За грчкото маслиново масло, американскиот пазар е важен бидејќи околу 25% од стандардизираните производи се насочени таму, со тренд на зголемување на извозот во последните 15 години. Доколку се воведат царини, неговата конкурентност ќе настрада бидејќи особено годинава, кога има зголемено производство, очекувањата на извозниците се големи. Христос Апостолопулос, претседател на Федерацијата на грчките млечни индустрии, има чувство дека грчкото фета сирење, не се заканува на ниту еден производ произведен во Америка. Забележано е дека во 2023 година, извозот на фета во САД, кој е петти по големина извозен пазар за симболичниот грчки производ, по Германија, Италија, Англија и Франција, забележа пораст од 34% во вредност и 12% во обем, достигнувајќи 53 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот