
Дали Германците ќе останат без еден државен празник? Ова ќе донесе милијарди евра во државниот Буџет
Дали Германците треба да имаат уште еден работен ден во текот на годината? Ако ги прашате економистите, одговорот е да, па тие предложија еден од државните празници веќе да не биде неработен. Германскиот економски институт (ИВ) пресмета колкава би била финансиската корист доколку еден од државните празници биде работен ден.
Препорачано
Според оваа проценка, бруто домашниот производ (БДП) би се зголемил во опсег од пет до 8,6 милијарди евра. Со дополнителен работен ден БДП би се зголемил за 0,2 отсто. Постојат два различни пристапи за пресметување на финансиската корист од дополнителен работен ден. Едниот е т.н прилагодување на календарот бидејќи бројот на работни денови се менува од година во година – на пр. Велигден не е секогаш во ист квартал. Според овој пристап, БДП би се зголемил за пет милијарди евра.
Друг пристап е оној што постоеше кога Денот на покајание и молитва беше укинат како празник, односно неработен ден. Овој пристап подразбира две сценарија – едното е зголемување на производството, а другото намалување на трошоците за работна сила.
Двете сценарија, како што е пресметано, би довеле до зголемување на БДП за 8,6 милијарди евра. Од гореспоменатиот институт истакнаа дека има голема разлика дали дополнителниот работен ден би бил во лето или во зима.
И претседателот на минхенскиот Институт за економски истражувања, Клеменс Фуест, го поддржува укинувањето на еден од државните празници. Како причина за тоа го наведе недостатокот на работна сила. Тој потсети дека е потребно зголемување на бројот на вработувања и намалување на бирократијата, пишува Тагесшау, пренесува Кликс.ба.