
Да Силва: Нема смисла американското Министерство за правда да бара информации од Сааб
Бразилскиот претседател Луис Игнасио Лула да Силва денеска изјави дека „нема смисла“ американското Министерство за правда да бара информации од шведската компанија Сааб за купување на борбени авиони Грипен во 2014 година.
Препорачано
Компанијата Сааб вчера соопшти дека добила такво барање од САД и најави дека има намера да го исполни, без да даде детали.
– Мислам дека тоа претставува мешање на САД во работите на друга земја, рече Лула да Силва.
Договорот со Сааб, кој во конкуренција за договорот ги победи американската компанија Боинг и француската компанија Дасо, го потпиша администрацијата на поранешната претседателка на Бразил, Дилма Русеф.
Во 2016 година, бразилските обвинители формално го обвинија Лула да Силва дека го искористил неговото влијание за да му помогне на Сааб да победи на тендер од 5,4 милијарди долари за 36 борбени авиони, а адвокатите на претседателот во тоа време го опишаа како „политички прогон“.
Врховниот суд на Бразил го отфрли случајот во 2022 година, одлучувајќи дека обвинителите биле пристрасни против Лула да Силва, истакнувајќи дека купувањето било уставно и неоспорено од властите што го надгледувале склучувањето на договорот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8мин
-
10мин
-
19мин
-
26мин
-
38мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5