
Црвен крст-Велес подели 13 пакети со храна за социјално загрозени лица
Волонтери на oпштинскиот Црвен крст денеска поделија уште 13 хуманитарни пакети со храна, донации на граѓани и фирми. Досега вкупно се поделени 89 пакети со храна на социјално загрозени лица или лица кои останале без работа поради состојбата со коронавирусот.
Препорачано
Секретарот на ООЦК Велес, Орце Николов ги потсетува граѓаните и фирмите дека може да донираат храна во собирниот пунк во ученичкиот дом „Лазар Лазаревски” кој функционира со општина Велес.
-Ние секојдневно сме на терен и помагаме колку што можеме. Ги повикувам и апелирам до сите граѓани кои се во можност како и фирмите да донираат храна и така да ја искажат својата хуманост на дело, повика Николов.
Првите 54 пакети со храна беа доделени од детската градинка „Димче Мирчев”.
Николов потсетува дека освен во храна може да донираат и парични средства наменети за социјално загрозени и семејства кои останале без работа поради состојбата со Ковид-19.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
16мин
-
33мин
-
41мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5