Фото:. EPA-EFE/FRANK RUMPENHORST

Цената на унца злато до крајот на годината ќе чини 1.400 долари

Цената на унца злато до крајот на годината би требало да достигне до 1.400 долари, што се должи на помалку агресивната политика на американската Управа на федерални резерви (Фед) за каматните стапки и долгорочната глобална неизвесност, оценуваат експертите за тој благороден метал.

Мартин Хаксли од сингапурската компанија „ИНТЛ ФЦСтоун” вели дека цената на златото долго се движела од 1.217 до 1.330 долари, но дека тоа би можело да се смени.

– Можеме да очекуваме дека златото ќе се тргува по таа цена во следните месеци. Но, во втората половина од годината можеме да очекуваме зголемување на цената, која до крајот на 2019 година ќе достигне 1.400 долари, појаснува тој. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот