Фото: EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Целосно вакцинирано 12 отсто од населението во Грција

Од 3.740.000 вакцинации спроведени во Грција од почетокот на процесот на имунизација, речиси два и пол милиони граѓани се вакцинирани со првата доза, односни 23,7 отсто од населението, а над 1.245.000 се ревакцинирани, што е 12 отсто од популацијата.

Од 3.740.000 вакцинации спроведени во Грција од почетокот на процесот на имунизација, речиси два и пол милиони граѓани се вакцинирани со првата доза, односни 23,7 отсто од населението, а над 1.245.000 се ревакцинирани, што е 12 отсто од популацијата, соопшти генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус, јави дописничката на МИА од Атина.

Во однос на старосните групи, тој објасни дека најголемо учество има кај граѓаните на возраст од 70 до 75 години, од кои вакцинирани најмалку со една доза се 73 отсто и достигнува до 80 проценти ако се земат предвид и закажаните термини.

Од здравствените работници, вакцинирани се 82 отсто од лекарите и  63 отсто од медицинските сестри и болничарите во државните болници и 88 проценти од докторите и 62 отсто од медицинските сестри и болничарите во приватните болници. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот