Цветановски го „оживеа“ предметот за бонусите на СЈО

Иако најави дека одлуката бонусите што се делеле во поранешното Специјално јавно обвинителство ќе биде готова околу 10-ти овој месец, сепак јавниот обвинител Јован Цветановски донел одлука денеска, откако против него и суспендираниот шеф на скопското вишо обвинителство, Мустафа Хајрулахи поведе постапка за дисциплинска одговорност.

Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за „Слободен печат“ потврдија дека укинато е решението кое го донесе ОЈОГОКК дека нема основа за утврдување на кривична одговорност, предметот е вратен во ова обвинителство и сега ќе се постапува по напатствијата што ги дало Вишото обвинителство.

Токму за овој предмет Хајрулахи тврдеше дека Коцевски му вршел притисок за да се затвори предметот, а тоа јавно го потврди и Цветановски.

Одлуката на Цветановски доаѓа откако Коцевски објави дека и тој Хајрулахи постапувале нестручно и несовесно, Цветановски се откажал од жалба или обвинение во 4 предмети, а во три предмети одлуката била донесена со согласност на Хајрулахи.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, ревизијата на работата на обвинителите на СЈО ја најави и во својата владината програма.

„Ќе биде поведена постапка за ревизија и испитување на законитоста на целокупното работење на Специјалното јавно обвинителство, при што посебно внимание ќе се посвети на загрозување на човековите права направени во постапките на СЈО, прекршување на процесните закони при постапувањето на СЈО, расчистување на утврдените злоупотреби на исплатата на финансиските средства кон обвинителите“, пишува во дел од програмата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот