
Црногорската влада се задолжи за 687 милиони евра
Премиерот на Црна Гора Милојко Спајиќ потврди дека владата на таа земја се задолжила на лондонската берза во износ од 687 милиони евра со каматна стапка од 5,8 отсто.
Препорачано
-Вака обезбедените пари ќе се користат исклучиво за враќање на стари кредити, како и за инфраструктурни проекти за развој на државата, изјави Спајиќ на мрежата Х.
Спајиќ рече дека јавноста деновиве била сведок на „страшни и сензационалистички медиумски написи за трансакцијата“ кои, како што вели, „пркоселе на сите правила на Лондонската берза, кои налагаат трансакцијата да не биде јавна додека не заврши целиот процес кога обврзницата може слободно да се тргува на берзата и сите нејзини детали да станат достапни за секого“.
Медиумите објавија дека владата планира да се задолжи од 500 до 700 милиони, а некои аналитичари тврдеа дека владата ќе се задолжува во долари. Министерството за финансии претходно ги демантираше информациите во медиумите дека Владата ќе се задолжува. До крајот на годинава на име стари долгови доспеваат за наплата речиси 657 милиони евра, од кои 519 милиони се главнина, а 138 милиони евра се камати, пишува АлЏезира Балканс.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5мин
-
22мин
-
26мин
-
35мин
-
44мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5