Profimedia
Фото: Профимедиа

Црна Гора станува многу привлечна за дигиталните номади

Црна Гора станува сè поатрактивна дестинација за дигиталните номади благодарение на иницијативите кои ја подобруваат правната и инфраструктурната рамка. Со веќе воведената двегодишна виза за дигитални номади, земјата се обидува дополнително да се позиционира на глобалната карта за работа на далечина, пренесува РТЦГ.

Оваа иницијатива претставува важен чекор кон позиционирање на Црна Гора како регионален лидер за дигитални номади. Како што се наведува во соопштението, Црна Гора нуди виза за дигитални номади со која кандидатите кои ги исполнуваат критериумите можат да останат во земјата две години, а која важи за сите работници на далечина кои не се членки на ЕУ. Владата на Црна Гора на крајот на 2021 година ја усвои програмата за привлекување дигитални номади во Црна Гора до 2025 година, а тие го препознаа потенцијалот на Црна Гора како нивна идеална дестинација, објави Пословни дневник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот