Љупчо Палевски - Палчо
Љупчо Палевски - Палчо / Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

„Цитроенот“ веднаш му бил сомнителен на Гоце Трајковски, многу чадел и возел многу бавно

На сведокот Гоце Трајковски уште веднаш му бил чуден „цитроенот“ кој го виделе на снимка од околните објекти затоа што чадел многу и се движел многу споро во споредба со другите коли кои минувале на Наум Наумовски Борче од каде исчезна младата Вања.

-Ми падна чудно што првите пет-шест коли поминуваат со 40 до 60 км на час. „Цитроенот“ димеше и возеше со 10 на час и прозорците беа замаглени – рече Трајковски.

Снимките од фризерницата ги пратил на пријателот од Сејф сити. Не ги видел табличките, но пријателот му кажал дека ова е автомобил на исчезнат велешанец.

-Ти си вика ненормален, кај го најде „цитроенот“? Ми кажаа дека е на исчезнат велешанец – рече Трајковски.

Рече дека лицата не се гледале.

– Александар цело време ми викаше: Врти кај полицијата, врти кај другарот, полицијата ништо не работи, ќе викнам телевизии – рече Трајковски.

Му помагал на Александар оти тој го побарал, бидејќи бил преморен и не знаел каде му е главата.

Не му ги дале да ги види снимките од менувачницата бидејќи полицијата ги гледала.

На сите снимки што ги гледале „цитроенот“ со кој беше грабната Вања одел позади „рено кангото“, кое според Обвинителството, го возел Палевски.

Тој не заклучил дека има поврзаност меѓу двете возила, тоа дека „цитроенот“ оди позади „кангото“ му го кажал некој другар од полиција.

– Ќути, не му кажувај. Имаме осомничени велешани – му рекол таткото.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!