Ципрас во Стразбур претседаваше со Комитетот за Западен Балкан на Советот на Европа/Фото: Прототема

Ципрас и Папандреу од Стразбур порачаа: Почитување на Договорот од Преспа и на принципите на добрососедство за да нема нови конфликти во регионот

Поранешниот грчки премиер и екс лидер на СИРИЗА Алексис Ципрас денеска во Стразбур претседаваше со Комитетот за Западен Балкан на Советот на Европа.

На состанокот на Комисијата стана збор за важноста на Договорот од Преспа за мирот, стабилноста и европската перспектива на Западен Балкан, особено во време на големи предизвици во регионот.

-На средбата со посебна покана учествуваа професорите Константинос Филис од Грција и Кристијан Фидановски од Северна Македонија. Христијан Фидановски од Северна Македонија, како и сите членови на Комисијата кои зедоа збор, се фокусираа на потребата од верно почитување на Договорот од страна на новата Влада на соседната земја, јавуваат грчките медиуми.

Професорот Константинос Филис ја истакна потребата да се развие европска патоказна карта за Западен Балкан и да се нагласи враќањето на довербата меѓу ЕУ и општествата од Западен Балкан. Тој додаде дека патот кон Европа го покажува Договорот од Преспа што го обезбедија Алексис Ципрас и Зоран Заев во 2018 година и Солунската агенда промовирана од Јоргос Папандреу во 2003 година.

На средбата присуствуваше и поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу, кој истакна дека како се додека регионот е ранлив на националистички конфронтации, тој ќе бара заштитници и ќе тоне во нестабилност и нови конфликти.

-Напротив, се бара сите да го почитуваме принципот на добрососедство, посветеноста на демократските принципи, почитувањето на човековите права и владеењето на правото. Да бараме решенија кои ќе ги промовираат интересите на нашите народи на взаемна основа, рече Папандреу.

Во овој контекст, тој ја истакна важноста на Договорот од Преспа за иднината на Западен Балкан и регионалната соработка.

На крајот од средбата, Алексис Ципрас подвлече дека борбата против национализмот и дестабилизацијата во регионот мора активно да се води, а тоа пред се значи поддршка на Договорот од Преспа и динамична дипломатска улога на ЕУ на Западен Балкан пред целосно да го губи својот кредибилитет. Тој укажа на потребата меѓународната заедница, а особено ЕУ, јасно да ги кажат последиците што непочитувањето на Договорот ќе ги има врз регионот, а особено врз иднината на Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот