Чус Матео назначен за нов предводник на „Фуријата“

Шпанската кошаркарска федерација официјално го назначи Чус Матео за нов селектор на сениорската репрезентација. Тој ќе го наследи Серхио Скариоло и ќе ја води селекцијата во наредните четири години, до Евробаскет 2029, а Шпанија ќе биде коорганизатор.

Матео ќе го започне својот мандат со квалификациите за Светското првенство 2027 под капата на ФИБА, каде што Шпанија ќе се обиде да обезбеди пласман на завршниот турнир, а потоа и учество на Олимписките игри во Лос Анџелес 2028.

Назначувањето на нов селектор доаѓа по неуспешниот настап на последниот Евробаскет 2025, каде под водство на Скариоло, Шпанија испадна уште во групната фаза и заврши на 17-то место – најслаб резултат во последните децении.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот