Човекот кој вчера го спасуваа пожарникари на Камен мост се фрлил во Вардар за да избега од полиција

Човекот кој вчера попладне го спасуваа пожарникари од под Камениот мост се фрлил во Вардар за да избега од полицијата.

„Слободен печат“ вчера објави видео од спасувачката акција на Камениот мост на кое се гледаше како човек гол до појас се нашол на еден од столбовите на мостот, отсечен од копното.

Според информациите на „Слободен печат“ од Министерството за внатрешни работи, човекот се нашол таму откако полицајци од интервентната единица го забележале како врши „дрска кражба“, односно како и крадe чанта на жена. За да се спаси од полицијата човекот скокнал во Вардар, но потоа останал заглавен на еден од столбовите.

Пожарникари донесоа скала за да го извлечат човекот на копно, а полицијата потоа го привела. Но, морала да го пушти затоа што кај него не било најдено ништо, а жената која била жртва, воопшто не го пријавила обидот за кражба во полиција.

ФОТО/ВИДЕО: Пожарникари спасуваа човек под Камениот Мост – Слободен печат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот