Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Човек е пронајден починат кај Универзалната сала

Скопјанец на возраст од 71 година вчера попладне е пронајден починат во близина на Универзалната сала во градот, на улицата „Костурски херои“, соопшти МВР.

„На 15.09.2025 околу 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Костурски херои“ во Скопје пронајден е починат Ѓ.Х.(71) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, увид изврши увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот