
Чомбе нуди 2-3 илјади евра за тој што ќе му каже кој му го запалил автомобилот
Ѓорѓи Галетановски — Чомбе нуди 2-3 илјади евра за тој што ќе му каже кој му го запалил автомобилот.
Препорачано
„За жал некогаш треба да ни се случи лоша работа за да видиме кој е до нас. Фала ви, другари, за поддршката и за сите пораки и повици и извинете што навистина не беше можно на сите да вратам и да кренам. Не ви го заборавам ова и на сите ви должам. Ме знаете добро, јас не ги делам другарите ни по вера ни по партија, никогаш не се сменив и нема да се сменам. Помагав и ќе помагам на кој можам без да се фалам, така и ќе продолжам. Од денес, па натаму, ќе направам сѐ за да дознаам и да помогнам органите да спречат криминални дејствија да им го земаат мирот на граѓаните. А ќе се дознае, тоа сум сигурен. Доколку кој било знае веродостојна информација за извршителот или нарачателот, нека контактира со мене, ќе биде награден со 2-3.000 евра
Кој може нека сподели“, напиша Галетановски на својот профил на Фејсбук.
За потсетување, во вторникот околу 3 часот по полноќ, запален и пеплосан бил автомобилот на Галетановски, претседател на скопската организација на СДСМ и поранешен директор на скопската Зоолошка градина.
Галетановски за „Слободен печат“ објасни дека автомобилот му бил паркиран пред зградата во која живее, во скопската населба Кисела Вода. Полицијата вршела увид, а самиот Галетановски го разбудил неговиот брат за да му каже дека автомобилот е во пламен и дека се слушаат експлозии од пукањето на гумите.
Противпожарна екипа интервенирала и го изгаснала пожарот.
ВИДЕО | Експлозија и „пепел“ – запален автомобилот на Ѓорги Галетановски – Чомбе