Кокос/ Фото: Слободен печат- Соња Кириџиевска

Чиста егзотика: еден кокос чини колку главица зелка!

Македонците најчесто користат кокосово брашно, а според Државниот завод за статистика во 2023 година, едно семејство купило во просек само 100 грама. Во 2023 година, според веб страницата на ВИТС, Македонија потрошила околу 400 илјади долари за увоз на сув и свеж кокос и тоа најмногу од Шри Ланка, Индонезија, Филипини, Брегот на Слоновата коска, Виетнам, Шпанија и Тајланд

Во време кога се води жестока расправа за новата потрошувачка кошница, од која ќе биде протерано сезонското овошје, трговците почнаа да нудат кокос на парче со потекло од Тајланд, по цена од 85 до 95 денари, што во моментот е еднакво со цената на една главица македонска зелка! Интересно е што е ова егзотично овошје, доаѓа во комплет со пластично цевче за да може да ја испиете водата од неговата внатрешност. Граѓаните велат дека имаат ретка прилика да пробаат свеж кокос и да се почувствуваат како да се на некоја плажа. Според нив цената е прифатлива колку за иштаф.

Трговците не се зачудени од ниската цена на ова овошје кое до Македонија патува со илјадници километри, бидејќи во земјите од кои доаѓа го има во големи количества. Кокосот е дрвенесто растение и му припаѓа на семејството палми, заедно со урмата. Неговото име доаѓа од името на плодот на растението кокосова палма. Точното потекло на кокосот не му е познато. Се верува дека потекнува од Југоисточна Азија, а денес може да се види на речиси секоја тропска плажа во светот.

-Цената за која се продава кокосот кај нас треба да ги покрие транспортните трошоци и давачките кон државата, што значи дека во земјите од каде што доаѓа го има во големи количества, па производителите го даваат речиси за џабе – објаснува за „Слободен печат“, Блажо Витанов од Империал фрут.

Македонците најчесто користат кокосово брашно, а според Државниот завод за статистика во 2023 година, едно семејство потрошиле во просек само 100 грама. Во 2023 година, според веб страницата на ВИТС, Македонија потрошила околу 400 илјади долари за увоз на сув и свеж кокос и тоа најмногу од Шри Ланка, Индонезија, Филипини, Брегот на Слоновата коска, Виетнам, Шпанија и Тајланд.

Кокосот е исклучително популарно овошје, а луѓето го консумираат повеќе од 4.500 години. Во 2023 година, членките на Европската унија увезле 105.104 тони кокос од земји надвор од ЕУ, во вредност од 146 милиони евра, објави Еуростат. Две третини (67 отсто) од овој увоз биле исушени кокосови ореви (70.330 тони), додека преостанатата една третина се состоела од свеж кокос. Увозот на кокос од земји надвор од ЕУ првенствено доаѓа од пет земји, кои сочинуваат 86 отсто од вкупниот увоз. Филипините беа убедливо најголемиот снабдувач со 40 отсто од вкупниот увоз на кокос надвор од ЕУ. Следуваат Индонезија (17%), Брегот на Слоновата Коска (14%), Шри Ланка (8%) и Виетнам (8%). Холандија се појави како најголем увозник на кокос меѓу земјите на ЕУ во 2023 година, увезувајќи речиси половина од увозот (47% од вкупниот увоз на кокос од земји кои не се членки на ЕУ). Германија беше втор најголем увозник (15%), потоа Шпанија (10%), Франција (7%) и Италија (4%). Овие 5 земји од ЕУ увезле речиси три четвртини (83%) од вкупниот увезен кокос.

Кокосовата вода спасила многу животи во Втората светска војна

За време на Втората светска војна, кокосот бил особено ценето растение. Во тоа време имало многу ранети кои изгубиле многу крв, а недостигала крвна плазма. Кокосовата вода со својот минерален состав, може да се идентификува со составот на нашата крв, спасила многу животи. Покрај тоа, оваа вода е стерилна и подготвена за трансфузија бидејќи е заштитена со силна лушпа.

Според една легенда од 16 век, кокосот го добил името по португалските морнари кои го откриле. На кокосот забележале три точки кои ги потсетувале на насмеано лице. Зборот „коко“ на португалски значи „насмеано лице“, а доаѓа од латинскиот збор „кокус“ што значи „ѕвезда“ или „бери“. Бидејќи дрвјата се големи, а плодовите се тешки, берењето кокос е опасност за многу одгледувачи. Затоа во многу земји мајмуните се обучени да ги берат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот