Чин Ганг / Фото EPA-EFE/THOMAS PETER / POOL

Чин Ганг се откажа од пратеничкото место

Поранешниот кинески министер за надворешни работи Чин Ганг, кој беше сменет од оваа позиција минатата година, а потоа со месеци не беше виден во јавноста, поднесе оставка од своето пратеничко место, објави државната агенција Ксинхуа.

Ганг (57), кој важеше за близок соработник на кинескиот претседател Си Џинпинг, дојде на чело на Министерството за надворешни работи во декември 2022 година, но беше сменет седум месеци подоцна.

Неговото разрешување беше изненадување, а надлежните не објавија никакво објаснување за тоа.

Тој го задржа своето место како претставник во Парламентот, тело контролирано од владејачката Комунистичка партија на Кина.

„Оставката на Чин Ганг е прифатена“, објави вчера Ксинхуа.

Веста беше објавена пред почетокот на годишната седница на кинескиот Парламент во Пекинг, што почнува следната недела, а на која собираат околу 3.000 пратеници.

Ванг Ји, кој беше министер пред Чин Ганг, се врати на функцијата по смената на Чин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!