epa11705605 President of the Czech Republic Petr Pavel arrives at the Federal square in front of the Federal Palace, the Swiss Parliament building, in Bern, Switzerland, 06 November 2024. President Pavel is on a state visit to Switzerland. EPA-EFE/ANTHONY ANEX / POOL

Чешкиот претседател потпиша закон со кој комунистичката пропаганда се казнува со затвор

Чешкиот претседател Петр Павел вчера потпиша амандман на кривичниот законик со кој се криминализира пропагандата на комунистичката идеологија, ставајќи ја на исто ниво со нацистичката пропаганда, објавува Еуроактив.

Ажурираното законодавство предвидува затворска казна до пет години за секој што „креира, поддржува или промовира нацистички, комунистички или други движења кои јасно имаат за цел да ги потиснат човековите права и слободи или да поттикнат расна, етничка, национална, верска или класна омраза“.

Промените беа одговор на повиците од чешките историски институции, особено Институтот за проучување на тоталитарни режими, кој сметаше дека постојното законодавство е правно неурамнотежено.

Ова е неуспешен обид за заплашување на критичарите на сегашната влада?

Комунистичката партија на Бохемија и Моравија (КПМ), предводена од европратеничката Катерин Конечна, а сега дел од новата изборна коалиција наречена „Доста“ („Стачило“), ја осуди одлуката како политички мотивирана.

„Ова е уште еден неуспешен обид за забрана на КПМ и заплашување на критичарите на сегашната влада“, се вели во соопштението на партијата.

Според публикацијата, во моментов не е јасно како новиот закон ќе се применува на партии како КПМ. Иако партијата во моментов нема членови во парламентот, најновите анкети ѝ даваат поддршка од коалицијата од 5% – што би можело да биде доволно за враќање во Долниот дом на изборите во октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот