Чеферин: Русите само под еден услов можат да се вратат во меѓународните натпреварувања

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, во искрено интервју се осврна на прашањето за враќањето на руските репрезентации во меѓународните фудбалски натпревари, но и на контроверзите поврзани со третманот на израелските екипи во контекст на актуелните конфликти.

Чеферин откри дека постоела иницијатива за дозвола руските младински репрезентации до 17 години повторно да се натпреваруваат, но таа идеја брзо била отфрлена поради силен политички отпор и внатрешен притисок врз Извршниот комитет на УЕФА.

Се надевавме дека можеме барем да ги вратиме младите – момчињата и девојчињата. Но, наидовме на политичка хистерија. Членовите на одборот беа подложени на жестоки лични напади. Не се откажаа од идејата, но нè замолија да почекаме. Јасно е – додека трае војната, Русија нема да се врати – изјави Чеферин.

Тој исто така зборуваше и за израелско-палестинскиот конфликт, истакнувајќи дека во случајот со Израел не постои ист тип на политички притисок како што имаше за Русија, туку иницијативите доаѓаат главно од граѓанскиот сектор.

„Искрено, срцето ми се кине кога ги гледам страдањата на цивилите. Но, никогаш не сум бил поборник за казнување спортисти. Тие не можат да ја запрат војната. Ги исклучивме Русите, а конфликтот сè уште трае. Во случајот со Украина, реакцијата беше политички наелектризирана. Сега е повеќе прашање на притисок од јавноста, а политичарите се, да бидеме искрени, многу прагматични кога станува збор за војна и страдање“, вели Чеферин.

Словенечкиот функционер повтори дека лично не е за исклучување на спортисти од меѓународните натпреварувања, но признава дека конечните одлуки често зависат од пошироки политички и општествени околности.

 Не знам што ќе се случи понатаму, но за сè се дискутира. Моето лично мислење е дека спортистите не треба да бидат жртвени јарци – заклучи Чеферин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!