Хрватска маркети Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Цените во Косово растат со забрзано темпо, зимата може дополнително да ги „затегне“

Цените на основните производи на Косово забележаа забрзан раст во втората половина од годината. Иако годината започна со инфлација од 1,5 проценти, во август цените се зголемија за 4,5 проценти. Стопанската комора наведува дека растот е забрзан поради зголемувањето на трошоците за производство и увоз. Цените на основните производи на косовските пазари значително се зголемија во текот на август оваа година, во споредба со истиот период минатата година. Според пазарните податоци, пакување јајца што чинеше 2,50 евра минатиот август беше продадено за 3,55 евра, – што е за 42 проценти поскапо. Евидентирано е и зголемување на цената на сончогледовото масло од 17 проценти. Од 1,44 евра во август 2024 година, шише од 1 литар оваа година чини 1,69 евра. Според претседателот на Стопанската комора, Лулзим Рафуна, растот на цените се случува со побрзо темпо од очекуваното.

„Предвидувавме дека ќе биде над 4 проценти во октомври, додека сега во септември веќе надминува 4,51. Со намалување на нашето производство и увоз од странство, увезуваме инфлација, но ја предизвикавме и во земјата, ја поттикнавме преку растот на сметките за струја, а тоа ќе се одрази во наредните месеци и ќе продолжи да расте, бидејќи историски е познато дека цената на електричната енергија во месеците октомври, ноември и декември расте, како што расте потрошувачката“, рече Рафуна, објави Коссев.

Според претседателот на Здружението на производители, Куштрим Ајвази, цената на основната потрошувачка кошничка во август 2025 година во споредба со август 2021 година се зголемила за 47 проценти.

„Ако едно семејство потрошило околу 199,44 евра за одредена количина основни производи во август 2021 година, во август 2025 година мора да плати 293,77 евра за истата сума. Ова значи 47% повеќе пари само за да се одржи истото ниво на потрошувачка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот