Биткоин/ Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Цената на биткоинот се зголеми и покрај политичката криза во Америка

Цената на биткоинот порасна за околу 2 проценти и достигна 116.598 долари, во момент кога повеќето ризични средства на светските пазари бележеа пад. Аналитичарите укажуваат дека овој тренд ја отсликува промената во перцепцијата за криптовалутите, кои сè повеќе се третираат како безбедно засолниште во услови на политички и економски турбуленции – слично како традиционалното злато, чија цена исто така постави историски рекорд, објаби Си-ен-би-си.

Затворањето на американската влада настапи на полноќ, откако Сенатот не успеа да обезбеди мнозинство за законот за финансирање. Демократите, предводени од сенаторот Чак Шумер и конгресменот Хаким Џефрис, инсистираа на пакет кој предвидува продолжување на даночните кредити за здравствената програма „Обамакер“. Од другата страна, претседателот Доналд Трамп порача дека ќе ги намали владините бенефиции за „многу луѓе“ доколку не се постигне брз договор.

Реакцијата на финансиските пазари

Волстрит забележа пад на индексите во раното тргување во среда, додека инвеститорите ги мереа ризиците од блокадата во Вашингтон. Дел од капиталот се префрли кон т.н. безбедни актива – биткоинот и златото – што предизвика скок на нивната вредност.

Од почетокот на годината, биткоинот бележи раст од околу 25 проценти. Клучни причини за тоа се растечкото прифаќање од страна на институционални инвеститори на Волстрит и сè пошироката перцепција на глобалните пазари дека водечката криптовалута има место во сериозните портфолија, а не само како шпекулативна алтернатива.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот