Фото: London City Lionesses/FB

Бурен преоден рок во женскиот фудбал: Повторно срушен рекордот за најскапа фудбалерка

Бурниот летен преоден рок во женскиот фудбал продолжува да ги поместува границите на вредноста на трансферите, а новиот светски рекорд го постави француската репрезентативка Грејс Гејоро, со преселбата од ПСЖ во редовите на англискиот Лондон Сити Лионесес.

Пред само два месеца беше урнат претходниот рекорд од 1,15 милиони евра, кога Арсенал ја доведе Канаѓанката Оливија Смит од Ливерпул која во меѓувреме падна и на четвртото место, сега е поставен новиот рекорд.

Екипата на Лондон Сити плати сума 1,65 милиони евра за нејзините услуги, што е највисока сума платена за една фудбалерка досега. Интересен е и податокот дека во овој преоден рок се реализирани дури пет од седумте најголеми трансфери во женскиот фудбал.

Гејоро е веќе долгогодишен столб во средниот ред на француската репрезентација. Од 2017 година има одиграно 103 натпревари и постигнато 23 голови во националниот дрес.

Кариерата ја започна токму во ПСЖ во 2014 година, каде што освои една шампионска титула, три купа и двапати играше финале во Лигата на шампионите. Сега, со овој трансфер, таа не само што прави голем чекор напред во својата кариера, туку ја испишува и историјата на женскиот фудбал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот