Бугарски пасоши/ Фото: Архива на „Слободен печат“

Бугарско државјанство лани добиле 1.700 македонски граѓани

Според годишниот извештај за активностите на Комисијата за бугарско државјанство при потпретседателката Илијана Јотова, лани бугарско државјанство добиле над 16 илјади лица. Ова е за 4.000 повеќе отколку во 2023 година. Според податоците, на прво место се Украина и Турција, а на четврто македонските граѓани, објави БНР.

„Над 2.400 лица од Украина добија бугарски пасоши минатата година. Турција е на второто место. Речиси 2.200 лица од нашиот јужен сосед се стекнале со бугарско државјанство. Следува Молдавија со над 1.800 бугарски пасоши. На четврто место е Северна Македонија, со речиси 1.700 луѓе кои добиле бугарско државјанство минатата година. Следни се Албанија, Србија, Русија, Израел и Сирија. Дури и 108 Аргентинци добија бугарски пасоши“, објави бугарското национално радио.

Минатата година потпретседателката издала 227 декрети за промена на бугарското државјанство на повеќе од 16.500 лица.

Повеќе од 11.700 од нив го добиле по потекло, родител, бугарски државјанин или општа натурализација. Речиси 4.500 луѓе го вратија своето бугарско државјанство.

Поради забрана за престој во Шенген, лажни документи и други прекршувања, откажана е натурализацијата на 38 лица. На речиси 6.000 апликанти им е одбиено бугарското државјанство.

Пад на интересот кај македонските граѓани за бугарски пасош

Според официјалните податоци на Комисијата за бугарско државјанство при претседателот, објавени на 10 април 2023, во претходните две години е забележан рекорден пад на бројот на Македонци кои добиле бугарско државјанство. Комисијата за бугарско државјанство е постојано помошно тело со советодавни функции на потпретседателот.

Според податоците на Комисијата, во 2022 година бугарско државјанство добиле 1.992 Македонци. На второ место по набавка на бугарски документи се Украинците – 1.639, потоа Турците – 1.290, Србите – 556, Албанците – 517 и Молдавците – 476.

Според бугарските податоци во 2021 година 7696 Македонци стекнале бугарско државјанство, а во 2020 година 9098.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот