Фото: Unsplash

Бугарските власти го запреа увозот на пиперки и лимони со пестициди од Турција и Пакистан

Тони лимони и пиперки наменети за реекспорт и за бугарскиот пазар се запрени на граница при обид да се внесат во земјата.

За Бугарија има вкупно 26 известувања во системот за брзо известување за периодот од 1 април до 30 јуни. Ова го покажуваат податоците од Центарот за проценка на ризик од синџирот на храна. 25 од предупредувањата се за производи од Турција и едно од Пакистан. Според нив, најмногу известувања има за лимони – 13, од кои сите се наменети за реекспорт. 11 се пријави за пратки на пиперки, од кои 10 се наменети за уништување и една за реекспорт. Има и едно предупредување за увоз на грејпфрут наменет за уништување и едно известување за ориз.

За споредба, лани бројот на известувања доставени од Бугарија до системот изнесувал 48, изјави за Телеграф.бг. Николај Спасов од Центарот за проценка на ризик од синџирот на храна. Тој посочи и дека во системот за брзо известување од 1 април до 30 јуни за цела Европа се добиени 258 предупредувања за храна и добиточна храна со пестициди.

Во категоријата храна, најбројни се известувањата кои се однесуваат на „овошје и зеленчук“ – вкупно 143, а во дел од известувањата е пријавено присуство на повеќе од една активна супстанција. Анализата покажа дека најбројни се известувањата за производите од Индија – 49; потоа следат оние со потекло од Турција – 34; Египет – 30; Пакистан – по 18; Виетнам – 13; Кина – 11; Кенија – 10; Тајланд – 8. За категоријата „билки и зачини“ имало 46 известувања за присуство на остатоци од пестициди, најмногу за лута пиперка – 11, за ким – 9 и за мешани зачини – 6.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот