Кирил Петков Бугарија Влада
Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Бугарските социјалисти против нивното небо да го чуваат холандски воени авиони

Според вицепремиерот на пратеничката група на Бугарската социјалистичка партија Филип Попов, во моментов сите безбедносни служби велат дека нема директна опасност за Бугарија од воениот конфликт во Украина.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Попов, министрите на БСП во бугарската Влада гласале „против” холандските ловци кои доаѓаат во Бугарија да ја чуваат. Филип Попов ова го коментираше во Народното собрание по повод одлуката на бугарската Влада од 8 март, според која од 1 април до 31 мај ќе биде зајакната безбедноста на воздушниот простор на земјата заедно со воените Ф-35 на холандските воздухопловни сили.

Според него, немало потреба од дополнителна тензија во Бугарија.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот