Фото: Jun / Flickr

Бугарските банки наплатуваат високи провизии за коцкарските добивки

Добивките од обложување и сите видови на коцкање во Бугарија се ослободени од данок, меѓутоа, банките наплаќаат толку високи провизии кога овие профити се исплаќаат со банкарски трансфер што всушност овие „приходи“ се оданочени. Проблемот е што наместо парите да одат во државниот буџет и да се издвојуваат за поддршка на спортот, на пример, нив ги собираат банките, кои и онака на своите клиенти им наплатуваат прекумерни давачки за разни банкарски услуги и остваруваат огромни профити. Проверката на „Сега.бг.њус“ во тарифите на банките покажа дека тие масовно воведоа посебни провизии за трансакции поврзани со коцкање и обложување, вклучително и при примање суми. Овие такси се многу повисоки од надоместоците што се наплаќаат за други трансфери на пари.

Ако банкарските трансфери се наплаќаат од 0,1 до 0,6%, (а некои се бесплатни), тогаш провизиите за трансакции поврзани со коцкање и обложување се од редот на 1-2%, т.е. десет пати повисоки. Граѓаните се револтирани и алармираат дека некои од банките дури и ја пишуваат како „профитна провизија“ одземената сума од добивката што ја платил операторот со игри на среќа. Треба да се напомене дека за разлика од другите провизии за трансакции, оние поврзани со коцкање и обложување немаат плафон. т.е. изречениот 1%, 1,5% или 2% се наплатува на целиот префрлен износ. Замислете, кога станува збор за шестка од државната спортска обложувалница, каква „дебела“ сума ќе инкасира банката преку која парите му биле префрлени на среќникот. За 1 милион лева добиени од лотаријата, на пример, тој ќе треба да се раздели со 10.000 до 20.000 лева, кои банката ќе ги земе за себе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот